No products in the cart.
OПШТИ УСЛОВИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА, ОНЛАЈН НАРАЧКА, ПЛАЌАЊЕ И КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ НАНЕ ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦА
Почитувани Потрошувачи,
Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите услови за купување.
Оваа интернет стана, со домен nane.com.mk е во сопственост на компанијата Скај Небо ДОО Скопје.
Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на Нане Скопје nane.com.mk. Секој од одолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување:
Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната nane.com.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на .
Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на Нане нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на Нане.
За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со Нане се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштита на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за електронска трговија, онлајн нарачка, плаќање и користење на производи преку Нане интернет продавница.
- РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ
Купувачот кој сака да стане корисник на услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ или услуга од Нане преку веб страната nane.com.mk потребно е по одбирањето на производот/те и нивно ставање во кошничката за купување да се регистрира на nane.com.mk , за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката при електронска трговија.
Регистрираниот онлајн купувач со пополнување на обрасците при купувањето на веб страната nane.com.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страницата на Нане Скопје.
Нане го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на Нане, nane.com.mk.
- УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ
Цените на сите производи на nane.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Начин на плаќање е онлине со дебитна или кредитна картичка. Нане го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците.
Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Артиклите кои се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани.
Регистрирањето е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака.
По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Нане има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Продавачот не гарантира дека нарачаниот производ го има на залиха. Доколку во моментот на процесуирање на нарачката, нарачаниот производ го нема, продавачот се обврзува во рок од 5 работни дена да го извести купувачот за недостапноста.
Во случај на недостапност на производот, а доколку истиот е платен од страна на купувачот, потребно е да ја наведете вашата трансакциска сметка за враќање на парите.
- ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИТЕ КУПЕНИ ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА
Производите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда.
Производите се спакувани во соодветни амабалжни кутии, како заштита од евентуални оштетувања.
Во моментот на прием на производите, купувачот е должен да го прегледа производот и веднаш да приговори за евентуални надворешни физички оштетувања на производите и истото да го наведе во фактура/испратница, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни видливи физички оштетувања на производите нема да бидат прифатени.
- ОДГОВОРНОСТ НА НАНЕ ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО И НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ
Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш купувачот има право за доставениот производ да побара замена во рок од 15 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл.
Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот: +389 71 32 13 45 или на нашата електронска пошта [email protected] и тоа во рок од 24 од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.
- ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
Нане во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи Нане нема обврска да изврши поврат на уплатените средства.
Нане не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги кога би се вршело онлајн купување.
- ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.
Со самото ставање на производите во кошничка не значи дека е направена резервација и дека е затворена нарачката. Доколку нарачката не е спроведена до крај, односно содржината на нарачката се уште се наоѓа во кошничка, а времето на неактивност на Посетителот/Купувачот на nane.com.mk е подолго од 30 минути, содржината на кошничката автоматски ќе биде избришана.
Нане го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи услови како и содржината на веб страната nane.com.mk , а најновата верзија на Општите услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на услуги и/или производи преку веб страната на Нане, корисникот ќе може да ги прочита на веб страната на Нане nane.com.mk. Измените на овие Општи услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.
Се согласувам во целост со условите за електронска трговија, интернет купување и плаќање.
Е-билтен
- Телефон: +389 12 345 678
- -
- Е-пошта: [email protected]
- 2024 © СКАЈ НЕБО. Изработено од SERAFIMOV Group