Нане се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од веб страната на Нане и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област кои се важечки во Р.СевернаМакедонија.
Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страната на Нане nane.com.mk се наведени во Политиката за приватност (link до документот ставете), која исто така е објавена на веб страната на Нане, nane.com.mk. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат.
При посетата на web страната, Нане не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на Нане.
Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страната на Нане, вклучувајќи ги и Купувачите на производи и услуги од веб страната на Нане. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб страни до кои се пристапува преку веб страната на Нане.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ, освен во случаи кога Купувачот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.
Доколку Купувачот се определи за плаќање на услугите/и или производите со платежна картичка, постои можност од прекин на интернет конекцијата во моментот на плаќање. Доколку барањето за плаќање е регистрирано од страна на Нане, Купувачот добива е-маил порака или СМС порака со извештај за статусот на извршената уплата т.е. нотификација за тоа дали извршената трансакција е успешна или неуспешна.
Доколку Купувачот добие е-пошта или СМС порака со потврда за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор на веб страната .nane.com.mk Купувачот е должен во прилог на приговорот да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена трансакција.
На сите кориснички рекламации и поплаки, Нане ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.