ЗА НАС

Друштво за трговија и услуги СКАЈ НЕБО ДОО Скопје

Во Скај Небо веруваме иднината припаѓа на компаниите кои се одлучиле на посветеност и работа со фокус на потребите на клиентите. Затоа нашиот тим составен од млади, но и искусни вработени, се труди да се прилагоди на потребите и барањата на своите деловни партнери но и на зголемена присутност на пазарот со бизнис етика согласно денешните модерни услови.
Наша цел е трговијата со електроматеријали да ја направиме брза, едноставна и полесна за потрошувачот. Нудиме конкурентски цени, широк асортиман на производи, брзина и квалитет на услуга, добри залихи во нашиот магацин, како и спремност да им помогнеме на купувачите со идеи и предлози.
Електроматеријали и осветлување се области кои се повеќе од неопходни. Нудиме производи од брендови со врвен квалитет и иновативни технологии. Како главни брендови ги одбравме: Schneider Electric, Ledvance и Vito бидејќи сметаме дека тие се пред се основ за квалитет, а потоа и пристапност со цени.